Политика за рефундирање на средства
Сите попусти на сајтот важат само ОНЛАЈН, не и во нашата продавница! Доколку сакате да нарачате од сајтот, а да го подигнете производот од нашата продавница во Скопје Сити Мол, одберете ја опцијата „Земи од продавница“ БЕСПЛАТНА ДОСТАВА за Скопје.
Достава за остатокот од Македонија е 100 ден.
Клаустрофобија Доо не може да ви гарантира за точниот ден кога ќе ја добиете пратката. Може да ви гарантираме дека ќе биде во најбрз рок спремена и предадена на компанијата за достава.
Нарачките за градските општини во Скопје, (од понеделник до петок), се доставуваат наредениот работен ден.Во сабота и недела нема достава за Скопје.
Нарачките од остатокот на Македонија (доколку се направени до 12:00 ч. во работен ден), се предаваат на компаниите за достава (за што ќе добиете известување на вашиот меил) уште истиот ден, а испораката може да биде од 1 до 3 работни дена по денот на предавањето на пратката.
Важно: www.thecubeshop.mk не собира никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Банка.Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.

Рекламација за производот можете да направите со фискалната сметка која ке ја добиете со нарачката.
Доколку е направена нарачка (платена е), но поради некоја грешка се случи производот да го немаме на залиха, може да изберете друг производ или да ви бидат вратени парите.
Сите нарачани производи може да ги вратите поради било која причина, доколку не се отворени или оштетени од ваша страна во рок од 14 дена.
Парите ке бидат исклучиво вратени на корисникот кој го направил плакањето преку нашата веб страна www.thecubeshop.mk и тоа во рок од 7 дена. Вракањето доколку е можно ке биде направено на истата картичка со која е платено или на трансакциска сметка на корисникот. Доколку поминат 3 работни денови (од следниот ден откако сте го добиле меилот за предадена пратка), а пратката не е доставена, ве молиме веднаш да нѐ контактирате.
Пратката ќе биде доставена до адресата која ќе ја наведете за испорака, доколку самата компанија врши испорака до тоа место. Во спротивно ќе треба да ја подигнете пратката од најблиското место до кое вршат достава, секој ден, освен недела или државни празници/неработни денови.